Почетна Вести “Луда Мара” го собра Крстот за Водици во Петрич

“Луда Мара” го собра Крстот за Водици во Петрич

377
0

Бугарската православна црква и граѓаните на Петрич не усеаја и по 30 часа да го пронајдат светиот крст што во локалната река го фрли свештеникот на БПЦ за Водици на 6 јануари.

Луда Мара го однесе со себе светиот крст, а во неговото пронаоѓање била ангажирана и градежна механизација. Во моментот кога свештеникот го фрлил Крстот, 30-тина мажи биле во реката со надеж дека ќе го фатат. Но, наместо тоа се случи тој да исчезне.

Локалното население вели дека потрагата траела до доцна во вечерта до 7 часот, по што прекинале. Сепак тие не се откажуваат од намерата да го пронајдат светиот крст, но ќе чекаат подобри временски услови, бидејќи вчера и завчера било многу ладно.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *