Почетна Вести ЛАВРОВ: Соборот на Крит имаше за цел да предизвика раскол во Православието
ЛАВРОВ: Соборот на Крит имаше за цел да предизвика раскол во Православието

ЛАВРОВ: Соборот на Крит имаше за цел да предизвика раскол во Православието

769
0

Рускиот министер за надворешни работи гледа надворешни црковни сценарија за разнебитување на Руската православна црква, а во тој контекст го гледа и одржувањето на Православниот Собор на Крит на кој не учествуваше РПЦ и уште три автокефални други цркви.

Sergej LavrovВистинската причина за неучеството на голем број Цркви беше надворешен обид да се внесе раскол во Православието. Има многу структури надвор од православниот свет кои сакаат да внесат раскол, првенствено користејќи кризата во Украина и со антируска реторика, за да нанесат штета на позициите на Руската православна црква, изјавил Лавров, пренесува Интерфакс.

Според него украинските власти ја користат ситуацијата за да го намалат влијанието на Руската Црква на територијата на Украина и да организираат своја независна Православна Црква

-Такво нешто нема да дозволи ниту една држава која сама се почитува и каде што има православно население. Тоа е  обврска за сите нас, а обврска е и на Вселенскиот патријарх во Константинопол, во Истанбул, рекол Лавров.

Тој потенцирал дека државата е заинтересирана за максимално помирување, а црковните прашања да се решаваат пријателски меѓу самите Цркви, а не да се користат во геополитички игри.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *