
220
0
Најмалку 125 лица загинале во двете експлозии што денеска беа регистрирани во Багдад, пренесе Би-Би-Си.
Американските медиуми наведуваат дека Исламска држава, преку онлајн соопштение, ја презеде одговорноста за првата експлозија во населбата Карада, во која се убиени 86 лица, меѓу кои има и 15 деца, а била предизвикана со детонирање на автомобил-бомба.
„Раша тудеј“ наведе дека станува збор за побогат дел од градот каде живее главно висока средна класа шиити и христијани.
Втората експлозија одекна во населбата Шаб, на север од Багдад.
Двете експлозии се случија во трговски области, а во многу продавници избувнал пожар.
/МИА