Почетна Вера МПЦ-ОА Кирил Пејчиновиќ утре ќе стане Светител
Кирил Пејчиновиќ утре ќе стане Светител

Кирил Пејчиновиќ утре ќе стане Светител

223
0

МПЦ-Охридската Архиепископија утре ќе канонизира уште еден светите и ќе го впише во редот на Светители кои ќе се чествуваат.

Настанот за канонизација на Преподобниот Кирил Пејчиновиќ почна вечерва во Лешочкиот манастир “Свети Атанасиј Велики”, со Вечерна служба а утре, на 16 октомври 2022 г., во Соборниот храм ,,Св. Кирил и Методиј” во Тетово, со почеток во 8:30 часот, ќе биде отслужи света Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на архијереите и свештенослужители од епархиите на МПЦ-ОА. Во рамките на Литургијата ќе се изврши чинот – канонизација на светиот преподобен Кирил Лешочки, што ќе биде пренесувано и во директен пренос на Македонската радио-телевизија.

-Верниот народ ќе има можност да пристапи, за време на Литургијата и по неа, на поклонение до кивотот каде што ќе бидат изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Епархијата замолува за почитување на воспоставениот ред во храмот, со цел да се запази поредокот на Литургијата и да им се овозможи на сите да се поклонат и да испросат молитвено застапништво од преподобниот Кирил Лешочки. Епархијата ги известува граѓаните и верниците дека на 16 октомври, во центарот на Тетово и во пределот околу соборниот храм ,,Св. Кирил и Методиј”, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен и безбедносен режим, велат од тетовско-гостиварската епархија.

-Ова е чин со историско значење, дело кое, со Божјата помош и по застапништвото на преподобниот, ќе донесе духовни плодови за нашиот народ и нашата Црква, а воедно претставува и несекојдневен дел од црковната традиција, кој е душеполезно да се посведочи со личното присуство.Тетово и Полошкиот регион, но и нашиот верен народ ширум татковината и светот, добиваат уште еден молитвен покровител, принесувајќи му дар и на соборното Православие, а во слава на Бога. Нека е на многу години, потенцираат од ТГЕ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *