Почетна Вести Католички свештеник „шмрка“ кокаин

Католички свештеник „шмрка“ кокаин

228
0

Свештеник на Католичката црква бил снимен како зема кокаин на забава што ја организирал во неговиот парохиски дом, објавуваат британските медиуми.

Свештеникот бил снимен како со цевче направено од десет фунти повлекува од кокаинот, а пота продолжува да ужива во забавата со пиво и виски.

На снимката се слуша како тој вели дека „не би требало тоа да го прави“, пред да ја консумира дрогата.

Според британските медиуми забавата што ја организирал свештеникот траела до рано утрото.

По обелоденувањето на скандалот, свештеникот признал дека земал дрога, но тврдел дека не е зависник и дека тоа му било прв пат. Тврдел дека пател од депресија и поради тоа бил на боледување кога е снимено видеото.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *