Почетна Вести Кардинали се налутија поради отворање Мекдоналдс во Ватикан
Кардинали се налутија поради отворање Мекдоналдс во Ватикан

Кардинали се налутија поради отворање Мекдоналдс во Ватикан

77
0

Кардинали во Ватикан се налутија поради информацијата за отворање ресторан на Мекдоналдс кај плоштадот Свети Петар над кардиналската резиденција.

– Ова е, во најмала рака, контроверзна, перверзна одлука, изјави кардиналот Елио Сгреча во интервју за весникот „Република“.

vaticСпоред него, отворањето на Мекдоналдс од десната страна на ватиканската базилика „ниту на еден начин не ја почитува традицијата на архитектурата на плоштадот Свети Петар“.

Тој му пишал дури и на папата Франциско, барајќи негова интервенција против ваквата одлука, која на Ватикан би му носела 30.000 евра месечно, но и бучава и мирис на сендвичи, пишува „Република“..

– Во текот на последните неколку години, идентитетот на ова подрачје е загубен, истакна Морено Проспери, шефот на Комитетот за заштита на историската област околу Ватикан поради, како што нагласил, „зголемениот број на дуќани за сувенири и улична продажба“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *