Почетна Вести КАН: Трамп има големо непознавање за Исламот
КАН: Трамп има големо непознавање за Исламот

КАН: Трамп има големо непознавање за Исламот

186
0

sadik kan 2Планот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на муслиманите да им го забрани влезот во Соединетите Американски Држави е одраз на неговото непознавање на исламот, што би можело да го направи светот помалку безбедно место бидејќи ќе ги оддалечи и одбие умерените муслимани. Оваа порака ја испрати новиот лондонски градоначалник, по вероисповест –муслиман, Садик Кан.

Иако во екот на предизборната кампања Трамп најавуваше дека на сите муслимани треба привремено да им се забрани влезот во Соединетите Држави, вчера по изборот на Кан за градоначалник на Лондон потенцираше дека секогаш ќе има исклучоци и најави дека Кан нема да се најде на удар на неговата предложена забрана.

-Необразованиот став на Доналд Трамп за исламот може двете наши земји да ги направи понебезбедни отколку што се сега. Имано, постои опасност да ги оддалечи умерените муслимани од целиот свет и да ги бутне во рацете на исламистите. Тука не станува збор само за мене, туку и за моите пријатели и членови на семејството, но и за сите оние луѓе со слично потекло на моето, во кој било дел од светот. Доналд Трамп и тие околу него веруваат дека либералните западни вредности не можат да се усогласат со умерениот ислам, а Лондон го демантираше во тоа, реагира Кан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *