Почетна Анализа Како се живее заедно како Црква (Втро дел)
Како се живее заедно како Црква (Втро дел)

Како се живее заедно како Црква (Втро дел)

480
0
  1. БОЖЈИОТ план за создавање на заедницата на старозаветниот народ Божји (Еврејскиот народ)

Од моментот кога нашите прародители ја изгубија животодавната љубовна ЗАЕДНИЦА со нашиот Бог, нивниот живот, а преку нив и на сето човештво, во многу нешта го изгуби благословот и предназначеноста промислена од Творецот. Набргу по падот се случи првото братоубиство (1. Мојсеева. 4, 1-10) Демонските сили преку отровот на злото, лагата, стравот и смртта со брзина на епидемија започнаа да шират и да предизвикуваат страшни последици во меѓуличносните односи. Дури и самата човечка личност во своите внатрешни духовни простори ја чувствуваше и ја чувствува таа растргнатост и борба помеѓу болеста на злото и здравоста на доброто. Состојбата на сето човештво беше застрашувачка. И сигурно, по сето тоа, ќе се прашате за можниот излез.

IMG_6681Во погорните редови напишав дека битката со злото за да се создаде љубовна ЗАЕДНИЦА во овој свет е однапред изгубена без Божја интервенција, односно без Негова промисла која ќе се остварува преку од Него духовно разбудени и раководени личности. Секој, кој само се обидел да направи нешто на тој план ќе ја разбере сериозноста на овие зборови. И затоа нашиот Творец интервенираше. Тој ја промисли, подготви и создаде ЗАЕДНИЦАТА на старозаветниот народ Божји, односно го создаде народот кој во историјата на светот го познаваме како Израел.

За тој народ, односно за нивната ЗАЕДНИЦА, Господ ги кажа следните зборови: „Па сега, ако го слушате гласот мој и го пазите заветот (договорот) мој, ќе ми бидете народ избран меѓу сите народи, зашто моја е замјата цела. И вие ќе ми бидете царство на свештеници и народ свет.“ (2. Мој.19, 6). И навистина во многу нешта ЗАЕДНИЦАТА на старозаветниот народ Божји се разликуваше од заедниците на тогашните пагански народи осквернети од лажната и во многу нешта демоноподобна религија која се изразуваше преку идолопоклонството и непознавањето на вистинскиот Бог.

Но сепак, Божјата промисла во Стариот завет не се состоеше од тоа Творецот во овој свет да создаде свој чист од злото народ во морето на останатите пагански народи. Тој преку старозаветниот народ го подготвуваше доаѓањето на својот совечен Син во нашиот, од Него и од Неговото Царство отпаднат свет, како Спасител, Месија, Учител на сите народи. Заедницата на старозаветниот народ Божји со својот Закон (Тора) и очекување на Месијата беше само сенка, подготовка за ЗЕДНИЦАТА на новозаветниот народ Божји – Црквата.

IMG_6688Во оваа новозаветна ЗАЕДНИЦА нашиот Бог промисли да се остварува спасението на сите личности од овој свет од злото и злопричинителот и нивно личносно подготвување, преку плодовите на Христовата откупителна жртва и преку животот во Божјата љубов и вистина, за вечниот живот во Неговото Царство. Односно, она што не го остварија нашите прародители Адам и Ева, сега преку совечниот Син Божји и Син Човечки Исус (Јешуа) Христос (Машиах) и преку Неговата љубовно – творечка ЗАЕДНИЦА (ЦРКВА, Тело Христово) може да го оствари секој човек, од секој народ, доколку духовно се разбуди (доживее покајание) и искренољубовно со вера ја прифати Христовата спасителна подадена рака во Неговата Црква.

  1. БОЖЈИОТ план со НОВОЗАВЕТНИОТ народ Божји – ЦРКВАТА!

Големиот учител на Црквата Христова, апостолот Павле, во своето послание до Црквата Божја во Коринт, до осветените во Исуса Христа, до повиканите светии (1. Кор.1, 2) го пишува следното:

„И како што е телото едно, а има многу органи, и сите органи од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се, така и Христос. Зашто преку еден Дух сме крстени (потопени) сите во едно тело, било Јудејци (членови на старозаветниот народ) или Елини (членови од другите народи), било робови или слободни (без разлика на социјалниот статус), и сите сме со еден Дух напоени.“ (1. Кор.12,12).

Во истото послание апостолот ги пишува и следните нешта: „ А кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи. И кога се слави еден од органите, тогаш со него се радуваат сите органи. Вие (ЗАЕДНИЦАТА на новозаветниот народ Божји – Црквата) сте телото Христово, а пооделно членови. “ (1. Кор.12.26) Кога ќе се прочитаат, а пред се, кога во умот и срцето ќе се разбере пораката од овие зборови на апостолот, тогаш ни станува јасно што промислил нашиот Отец Небесен со ЗАЕДНИЦАТА на новозаветниот народ, која не е само обично заедничарење на личности кои сакаат да живеат духовен (осмислен) живот, туку ЗАЕДНИЦА која е Тело на Неговиот Син и во која делува животворечкиот Дух Свети.

Членовите на таа ЗАЕДНИЦА ја имаат можноста да постанат вечни синови и ќерки на Небесниот Отец преку Неговиот Син во Светиот Дух. Односно, таа ЗАЕДНИЦА или ЦРКВАТА е можност за средба на отпаднатиот од ЦАРСТВОТО БОЖЈО човек со својот животодавен Почеток и со вистинската состојба на постоење, но и можност за вистинска љубовна средба на личностите помеѓу себе. Во таа средба се врши големата љубовна тајна на нашето спасение и на нашето подготвување за вечнот живот во вечната ЗАЕДНИЦА на ЦАРСТВОТО БОЖЈО.

  1. МОЖНОСТА на отпаднатиот човек да живее со и во вистината на Црквата?

Вистинското разбирање и практикување на смислата, вистината и функцијата на Црквата во нашиот свет кај многумина предизвикува сомнеж. Сомнежот не е плод на неприфаќањето на вистината на Црквата, туку на неможноста на паднатиот човек да го прифати тој висок критериум на вреднување на постоењето.

И навистина, за отпаднатиот човек, односно за оној кој не сака да го напушти огревовениот начина на живеење и вреднување на нештата (според злото, гревот, смртта и ѓаволот), тоа е невозможно.

IMG_6686============

За да се стане вистински член на ЗАЕДНИЦАТА на новозаветниот народ Божји – ЦРКВАТА потребно е да се возљуби со сето битие Творецот, Неговото вечно ЦАРСТВО и од Него создадените личности. Тоа значи дека треба да бидеме отворени за љубовниот оган Божји, но и за љубовта, кон и од нашите ближни, која ќе не исполни, очисти, оживее, освети и всели во вечната ЗАЕДНИЦА.

И затоа секогаш кога ќе видиме како некои луѓе ја злоупотребуваат или осквернуваат вистината или заедничкиот живот на Црквата, или во црковната заедница го нема Духот на заедништвото, љубовта, вистината и желбата за спасение, треба да знаеме дека тоа е само последица на изгубената, или никогаш нестекната ЉУБОВ кон нашиот Христос, а преку Него и кон Небесниот Отец и Светиот Дух.

============

Ivica TodoorvНе случајно нашиот возљубен Господ, Учител и Спасител Исус Христос ни ги кажува постојано во нашиот дух овие зборови: Ако ме љубите, пазете ги моите заповеди. (Јован.14,15) и нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици ако имате љубов помеѓу себе. (Јован. 13, 34 – 35)

Пишува: презвитер Ивица Тодоров

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *