Почетна Вести Европа Исповедникот на Путин интервенира за војната
Исповедникот на Путин интервенира за војната

Исповедникот на Путин интервенира за војната

396
1

Повик за прекин на војната во Украина упати митрополитот, кој е познат како „личен исповедник“ на Владимир Путин, согласно Daily Mail. Како што пренесува весникот, митрополитот Псковски Тихон Шевкунов, кој, како што е познато, има многу тесна врска со рускиот претседател, пристапи кон драматични изјави велејќи дека „Божја волја“ е мирот помеѓу двете земји.

Духовниот советник на Путин ја окарактеризира војната како „невидена трагедија“ и рече дека „треба да заврши со мир“.

Неговите коментари претставуваат една ретка интервенција на клирик и може да значат дека Путин е отворен за некаков договор по својот понижувачкиот пораз во Херсон, вели Британскиот весник.

Руските војски беа приморани да го напуштат градот кон крајот на минатата седмица на сред противнападот од украинските војски, а постојат извештаи дека некои од нив се преправиле во цивили во обид да побегнат. Во неговото интервју за каналот Rossiya 1 – и веројатно зборувајќи со дозвола на Путин – 64 годишниот епископ прифати дека судирот има започнато силно да влијае на душевната состојба кај Русите.

„Треба да зборуваме за тоа со што се будиме, што го имаме во умот преку целиот ден и со кое одиме на спиење: а тоа е Украина“ тврдеше архиепископот.

„Не постои никаков сомнеж дека преживуваме една невидена трагедија, фатален стадиум во животот на нашиот народ, за нашата земја и за Украина. Како ќе заврши; Ќе се помолиме, нормално, да заврши со мир и со безбедност. Сега сите бараат мир“ рече свештенослужителот.

Како што додаде, познато е дека „само Сесилниот Бог“ може да го прекрати крвопролевањето. Потребен ни е мир со волјата Божја, за да го разрешиме тоа прашање, борбите, омразата помеѓу браќата. Дури и ако не сакаат да не нарекуваат браќа сега“, изјави.

„Но јасно ни е дека се браќа, а и пред некое време не нарекуваа браќа. Сигурен сум дека луѓето не можат да донесат разрешување на ова. Како би можело да се разреши после сѐ што се има случено? Само Сесилниот Бог може сѐ да разреши, немам никаков сомнеж за тоа”, рече Шевкунов.

Архиепископот тврдеше дека Путин го започна нападот, кој погрешно во Русија се окарактеризира како „специјална воена операција“, затоа што поседувал информации дека бил неопходен извор на акција.

„Немам видено ниеден случај или инцидент, немам видено ниеден мој сонародник со омраза кон Украинците” искоментира провокативно.

Како што нагласува весникот, тоа тврдење ќе биде силно негирано во Украина, каде имало десетици обвиненија дека руските сили наводно извршиле воени злосторства врз цивилни жртви. Ограбувања, силувања и колежи има пријавено во многу области на земјата кои ги имаат запоседнато војските од Кремлин, а многу масовни гробници се пронајдени по ослободувањето на тие области. Во истиот момент, а додека војната беснее, Путин трпи бројни понижителни порази последниве месеци, вклучувајќи го уништувањето на мостот на Крим и најново, ослободувањето на градот Херсон.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *