Почетна Вести Иринеј Буловиќ: Средбата со Папата не беше тајна
Иринеј Буловиќ: Средбата со Папата не беше тајна

Иринеј Буловиќ: Средбата со Папата не беше тајна

144
0

Српската православна црква, преку соопштение на Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ ја повтрди посетата на српската црковна делегација на Ватикан, но демантира дека таа била тајна.

Иако, соопштението Епископот Иринеј, со кое се потврдува посетата на Ватикан, го објави два дена по средбата со Папата Франциск и ден откако медиумите ја обелоденија веста, Буловиќ ги обвинува медиумите во Загреб и оние во Белград за лажни конструкции.

-Толку за злонамерните небулози дека станувало збор за „таен состанок“ на кој српската црковна делегација била во „комуникациска изолациј“. Ги разбираме и нарачатеилите и извршителите на ваквите интерпретации во Загреб, но никако не ги разбираме нивните белградски агитатори и пропагатори, стои во соопштението потпишано од Иринеј Буловиќ.

Тврди дека тој, заедно со Амфилохије и екс амбасадорото на Србија во Ватикан со Папата Франциск разговарале за меѓуцрковните односи, дијалогот и соработката.

-Сите членови на српската делаегација дадоа изјави за Латеранската телевизија и присуствуваа на литургијата во Базиликата Св. Петар, каде официјално беа претставени на верниците и поздравени како „синодска делегација на СПЦ“, предводена од неговото високопреосвештенство, Митрополит Амфилохиј, стои во соопштението.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *