Почетна Анализа Интригите на СПЦ не престануваат, признаеното име МПЦ-ОА всушност било маркетинг
Интригите на СПЦ не престануваат, признаеното име МПЦ-ОА всушност било маркетинг

Интригите на СПЦ не престануваат, признаеното име МПЦ-ОА всушност било маркетинг

2.02K
2

Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ повторно ја разбранува јавноста, откако откри какви интриги се криеле во преговорите со МПЦ-ОА и што всушност значело фаворизирањето дека СПЦ го признава името Македонска Православна црква. Српската православна црква практично не признала име „Македонската православна црква“, ниту пак признала какво било име на МПЦ-ОА, се додека тој спор не се реши. Ова стана јасно, откако Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ објави писмо анализа за релациите на МПЦ-ОА со СПЦ во грчкиот сајт „Ромфеа.гр“, насловено „Имиња и нешта“.

Станува збор за подолга анализа на Буловиќ, и интересно е да се потенцира дека таа е напишана по задолжение од Синодот на СПЦ, што значи го претставува официјалниот став на СПЦ, а со цел разјаснување на некои сомнежи што ги има Грчката православна црква во поглед на именувањето на МПЦ-ОА од страна на СПЦ. Интересно е што писмото е напишано на старогрчки јазик, со цел да биде недостапно за балканската јавност, ни за најголем дел од грчката јавност Тоа стана достапно откако црногорскиот дневен весник Побједа го преведе и во него се чита дека СПЦ и Патријархот Порфириј едно кажуваше јавно на македонската јавност, а сосема друго практикувале во официјалните документи на СПЦ.

Во писмото Буловиќ прецизно објаснува дека за СПЦ не постои Македонска православна црква, но дури на моменти го оспорува и името Охридска Архиепископија, кое веќе е дефинирано во релациите на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија. Бачкиот епископ пишува дека за тоа биле свесни и самите владици на МПЦ-ОА, бидејќи јасно им било предочено дека името МПЦ-ОА нема да биде официјално име на црквата, но се ова е наравено за да има простор за постигнување договор, но името во официјалните документи, е ставено во наводници.

-Пред воспоставувањето на единството, ниту во нашите внатрешни црковни документи, ниту во нашата надворешна службена преписка не го искористивме именувањето „Македонска Православна Црква“, а кога го употребивме, го направивме тоа било додавајќи го изразот ‘нарекувана’ или ‘таканаречена’, или ставајќи го целото име во наводници. Навистина, во официјалното соопштение на Свештениот Синод на Јерархијата на нашата Црква од 16 мај о. г., со кое се објави враќањето на Црквата од темава во канонскиот поредок и востановувањето на единството со неа, каде, на самиот почеток од текстот, станува збор за нејзиното соодветно барање, нејзиното име се пренесува во наводници, бидејќи барањето, иако сосема скорешно, буквално „вчерашно“, беше потпишано и испратено додека уште постоеше разделувањето, поделбата, шизмата. Дополнително, нека биде забележано и тоа, дека во продолжение на соопштението, изостанува какво-годе нејзино дефинирање и именување, а станува збор „за идниот и извесен статус на митрополиите и епископиите во Северна Македонија“ и за „новата сестринска Црква“, пишува Буловиќ во писмото.

Српскиот епископ ја уверува Грчката црква и грчката црковна јавност дека практично во моментов за СПЦ,МПЦ-ОА е безимена церква и во оној момент кога таа ќе го реши проблемот со името, СПЦ тоа име ќе го прифати како официјално и со тоа име ќе и се обраќа во иднина.

-Следствено, што се однесува до конкретнава тема со името, ниту го воведува, ниту настојува на употребата на името „Македонска Православна Црква“, или на името „Охридска Архиепископија и на Северна Македонија“, или на некое друго слично име, но ниту е во положба да им ја забрани неговата употреба на оние кои сè уште го носат истото. Темата се смета за отворена, а треба одговорно да биде решена преку непосреден и со добра волја братски дијалог помеѓу гркојазичните братски Цркви и Црквата на соседната земја, без вмешување и интервенција на другите помесни Цркви. Во одлуката на Свештениот Синод на Јерархијата на Српската Православна Црква за тоа, донесена на 16-ти изминатиов месец, недвосмислено пишува, меѓу другото, дека „се препорача…, прашањето со нејзиното официјално именување“ да биде решено „со непосреден братски дијалог меѓу гркојазичните и останатите помесни Православни Цркви“.Не постои документ или официјален текст на нашата Црква, во кој не се соочува одговорно и со должно внимание со оваа тема. Значајно е да се спомне дека многумина денес се незадоволни поради дискутабилното име, не само во Грција, ами и во Србија, каде што сè уште живее споменот за стара Јужна Србија, како и во самата Северна Македонија, каде што не се малцина оние на кои им пречи составната придавка ‘северен’. Значи, неправедно е обвинувана Српската Православна Црква „за користењето на називот Македонска Православна Црква, даден од Црквата на Србија на Црквата на Охрид“. Нашата Црква официјално не го употребува тој назив. Со докази разјаснивме кога, како и зошто, благовремено и помирително беше употребен овој назив, како единствен официјално постоечки. Прашањето на името, од српска црковна гледна точка, лежи во дијалогот и во споразумението помеѓу гркојазичните Цркви – и тоа најпрвин Црквата на Грција – со „Црквата на Охрид“, имајќи предвид, згора на тоа, дека и името „Охридска Архиепископија“ е дискутабилно, дури и оспорувано од не малку црковни кругови во и вон Грција, објаснива Буловиќ во писмото.

Прашање на време беше кога и јавно ќе се разобличат интригите на СПЦ за кои ссекако свесни биле и владиците на МПЦ-ОА, но сепак тие одиграа добра црковно дипломатска мисија, особено Архиепископот Стефан, добивајќи го она што за иднината на МПЦ-ОА беше најважно, а тоа е согласноста од СПЦ за автокефалност во процесот пред Вселенската Патријаршија. Така што ова посфестум правдање пред Грчката црковна јавност на Иринеј е речиси и неважно за МПЦ-ОА.

Инаку од ова писмо можат да се доловат неколку елемнти кои се важни за процесот на преговори што се воделе меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Откривајќи детали се гледа дека интензивните преговори се водени последните две недели пред одржувањето на Соборот на СПЦ, токму во периодот кога Вселенската патријаршија веќе ги има подготвено анализите за предметоТ за апелација на МПЦ-ОА. Буловиќ открива дека писмото од Патријархот Порфириј до Архиепископот Стефан, со кое повикува на дијалог е испратено на 24 јануари 2022 година , а не пред Нова Година како што знаеше македонската црковна јавност. Буловиќ во ова писмо, во кое во изобиле зборува за грчко-српското пријателство, директно признава дека автокефалноста е работа на Вселенската патријашија, потенцирајќи ја важноста на согласност од мајката црква.

– Нашата Јерархија нема противења и приговори од теолошка природа кон барањето автокефалност од страна на јужните епархии на нашата Црква, коишто ѝ беа отстапени со Патријаршискиот и Синодален Томос, издаден во 1922 во Константинопол. Да се формираат нови автокефални Цркви преку отцепување од поголеми помесни Цркви е можно и дозволено. Тоа, инаку, го сведочи историското раѓање на сите понови автокефални Цркви, чијашто историска и институционална посебност се должи токму на доделувањето и признавањето на нивната автокефалија од нивната Црква – Мајка, односно Црквата на Константинопол и последователното нејзино (т.е. на автокефалијата) прифаќање од страна на целата Православна Црква. Доволно е, се разбира, да се совпаднат сотириолошки и пастирски причини, еклисиолошки и свештеноканонски исправни критериуми и етички прифатлива методологија, далеку од мешање на национални и најмалку на етнофилетистички интереси или разни земски и ниски цели. Сепак, за време на сите фази од долгогодишниот и нималку лесен дијалог на нашата Црква со нашите браќа соепископи – особено по 1967 година, кога од нивните претходници самоволно, како што не требаше, беше прогласена нова автокефална Црква, непризната од ниедна православна Црква, која ја причини познатата тажна шизма во траење од цели педесет и пет години (1967-2022) – секогаш поставуваме два непроменливи услови: првиот, дека не може да стане дебата за автокефалија без и пред враќањето во бедрата на Српската Православна Црква, од којашто неблагословено се беа отцепиле; и вториот, дека во рамките на меѓуправославните и сеправославните врски во никој случај немаат право да го користат именувањето „Македонска Православна Црква“, од причина, од една страна поради чувствителноста на нашите браќа Грци насекаде по Земјата, и од друга, поради нашата апсолутна неволност да ги разјадуваме (повредуваме, рануваме, поразуваме…) совестите и душите на оние кои во секој час и во секое време покажуваат и докажуваат дека се наши искрени пријатели и згора на тоа, наши вистински браќа, пишува Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ во писмото анализа.

Коментар(2)

  1. Нема тука интриги … таа страница сега е завршена … сега може да зборува и пишува кој како сака и што сака, како и вие … сега се чека на другата страна … спремете се да пишувате за тоа, не се навраќајте наназад … сега сме пред грчките порти …

    1. Целиот патоказ, од лечењето на расколот на МПЦ преку нејзиното врќање во канонското единство (спасението) со мајката црква -СПЦ, до јасното назначување на условите (име и дијаспора) под кои би се случила автокефалијата на новата помесна црква, беше согласно со вековното учење на каноните на Црквата и содржано во синодалниот акт на Првопрестолот. Се ова беше чесно и јасно предназначено во Цариград. Тоа што некои тотално го испомешаа редоследот на нештата и што до ден денес правилно не разбираат што се случи и што ќе случува со нашата помесна црква, само говори за духовното здравје на истите. Но Господ даде, има време, ќе научиме…..

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *