Почетна Вести Грузискиот Патријарх Илија стана кум на 800 деца
Грузискиот Патријарх Илија стана кум на 800 деца

Грузискиот Патријарх Илија стана кум на 800 деца

164
0

На празникот Крштение Господово во соборниот храм посветен на Света Троица во Тбилиси се одржа масовно крштение на деца.

Претстојателот на Грузиската Православна Црква, Католикос Патријархот Илија II, го изврши веќе 47 – то по ред масовно крштение на деца.

kumОколу 800 деца станаа кумчиња на Патријархот на 19 јануари – денот кога Православната Црква слави еден од најголемите христијански празници – Богојавление.

„Ви го честитам на сите овој свештен празник и нека благодатта на овој светол ден слезе врз сите луѓе. Сите наши семејства се многу среќни и задоволни што нашиот трет младенец стана кумче на самиот Патријарх на цела Грузија и јас сакам да му заблагодарам за тоа“, изјави за грузиски „Спутник“, мајката на едно од децата, жителка на Тбилиси, Марија Ломсадзе.

Католикос Патријархот на цела Грузија ги крштева третите и секое следно дете во семејствата на родители кои се венчале во Црква. Цел на оваа иницијатива е подобрување на демографската состојба на земјата. Првата масовна крштевка на младенци во Грузија се случи на 19 јануари 2008 година, исто така во соборниот храм посветен на Света Троица. До ден денес Илија II е кум на повеќе од 30 илјади деца.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *