Почетна Вести Христијанство Грузиската патријаршија ќе сослужува со МПЦ-ОА, но не го признава Томосот од СПЦ
Грузиската патријаршија ќе сослужува со МПЦ-ОА, но не го признава Томосот од СПЦ

Грузиската патријаршија ќе сослужува со МПЦ-ОА, но не го признава Томосот од СПЦ

3.64K
2

Во вторникот, 14 февруари 2023 година, Грузиската црква на својата работна седница одржана во Тифлида донесе одлука за стапување во канонско единство со MPC-OA.

Претходно примила и разгледала писмо од Српската патријаршија и одлучила да не го прифаќа томосот за автокефалност од Српската црква. Сепак, во називот е исклучен зборот ,,Охридска“, па МПЦ-ОА ја именува како „Православна Црква на Северна Македонија“.

-Во текот на работата на Синодот се разговараше за прашањето за Православната Црква на Македонија. Излагање имаше претседателот на Одделот за надворешни односи на Патријаршијата на Грузија, Високопреосвештениот Митрополитот на Зугдиди и Чаиси, Герасим (Шарашениѕе). Тој пред членовите на Синодот го презентираше писмото што ни го напиша поглаварот на Црквата на Србија, Сесветиот Патријарх Порфириј (Периќ), во кое се наведува дека „расколот е исцелен и се врати евхаристиската заедница со неговата православна црква во Северна Македонија“, и дека Патријархот на Србија ѝ го дал Томосот за автокефалност на наведената Црква. Автокефалноста на Црквата на Македонија, покрај Црквата на Србија, ја признаа и Црквите на Русија, на Бугарија, на Романија, на Чешка и Словачка, додека, пак Црквата на Константинопол, на Антиохија, на Грција и на Полска стапија во евхаристиско општење со неа без да ја признаат автокефалноста. Свештениот Синод одлучи: Црквата на Грузија да влезе во евхаристиско општење со Православната Црква во Северна Македонија, чијшто поглавар е Блаженејшиот Архиепископ Стефан (Велјановски), стои во одлуката на Гризиската патријаршија.

Коментар(2)

  1. Според тоа, ни Грузиската Патријаршија не постои. Зашто Православието според својата благодатно-мистична поставеност никогаш не толерирало технолошки изуми, туку теолошки чисти и богоосенети вистини и во случајов категории. Но секако И’ благодариме на Црквата на Грузија за исповедањето на Нејзината современа еклисиолошка свест како таква. Да зборуваш за Црква на Северна Македонија е отприлика обид да се оградиш од иднината на една Македонска Православна Црква (впрочем и нација) и да го оспоруваш Нејзиниот историски духовен континуитет со Охридската Архиепископија. Се разбира, зад ова неизговорен се крие гревот на непризнавање на македонскиот народ, желбата за негова небиднина, настојувањето да се закопа секој спомен за неговата стара слава во далечното минато, да се отсече неговата сила да ја продолжи вековната борба за својата целосна слобода и одбрана од ненавидноста на силниците од овој свет, да се оспори (и обесхрабри!) неговата длабока мистична врска со Светиот апостол Павле и со многубројните македонски Светии од првите векови и многу други нешта. И глеј, неверојатна недоследност: постои Црква на Русија, Црква на Србија…. но и Црква на Константинопол? Црква на еден град наспроти Црквите на одделни држави или народи? Црквата на Антиохија геополитички не соодветствува на граници на постоечка држава со истото име. Дали единствено Неа ја препознаваат Грузиските Отци како Црква која има право на своето историско наследство и на сета еклисиолошка полнота што ја подразбира тој поим? Дали значи славната Грузиска Црква се заплетка во световните New Age марифетлуци и поита да ја следи долгогодишната надворешна политика на грузиската држава која лојална на своите грчки сојузници децидно се дистанцираше од современата Македонска Држава, одбивајќи да ‘и го признае уставното име со единствен легитимитет од македонскиот народ, Република Македонија, итн.? Се разбира, разните облици на грчка економска помош успеаа да ја заробат малата Грузија во ултимативни поднесоци, антирускиот отпор од друга страна ја приклучува кон блокот западно ориентирани православци кои “успешно” калкулираат со финансиските бенифиции на конфесионалниот молк од една и одбраната од помоќните меѓу своите, имено од големата и секогаш доминантна Русија со онаа вокација за возвишеност која не сака да ја исклучи неудобноста- од друга страна. Но, како што велат Србите, во таа трговија со добро познатите православни вредности, не може да ги имате и јарето и парите. Или ќе го сведочиш вековниот православен опит, целото Свето Предание, по секоја цена – или сведочејќи други, технолошки изуми на светската логика, свесно или несвесно се откажуваш од сопствената православност и се накалемуваш на една друга еклисиологија, нема да именувам која. Тоа со себе носи и видоизменување на духовниот идентитет и голем број други последици. Црквата е Една, но не е глобалистичка организација. Секоја од Помесните Цркви ја носи во себе полнотата на даровите на Светиот Дух како мистична работилница на светот во мало, со сета негова историја и иднина. Ако денес Православието не може да го исполни ни првиот подвиг на првородениот Адам, да ги именува нештата според нивната богосоздаденост и богодаруваност, до каде сме тогаш со вистинскиот богочовечки повик? Ако не умееш или уште полошо не сакаш да ги именуваш ни најсветите собитија со нивното вистинско име, мислејќи дека е мала работа да Го мамиш Бога и да го унижиш Неговиот слуга, што да кажеме за останатото! Македонските Отци одамна им беа натрупале жар на главата на сите свои навредувачи. За сите современи Отци (вклучително за Грузискиот Патријарх) од сите Помесни Цркви секогаш говореа со голема љубов, со восхит и пофалба, па така и немаат од што да се плашат ниту што да загубат, знаејќи дека вистинската вера планини поместува. Тешко, тешко на планините…

  2. грузија и бугарија беа едно ама турците направија геноцид врз нив = цар самоил бил грузиец и пеја јаворов исто а историски се одалеќиме ради геноцидот и ради европејските деланија — македонска црква и е непознаница оти македонија постои од тито наваму а пред тоа беше српска бановина и со српска црква –затоа не и замерувајте на грузија

Напиши одговор на даниел Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *