
Неколку џамии наскоро ќе бидат отворени во Грција со финансиска помош од Турција, пренесуваат турските и грчките медиуми. Истовремено пак грчките власти најавуваат почеток на процес за легализација на десетици незаконско изградени џамии, будистички храмови и молитвени објекти од други верски заедници.
Грчкиот портал „Трибина на православието“ пишува дека Турција на Грција и доставила список од деветнаесет џамии со барање за официјално отворање во скоро време. Станува збор за муслимански храмови во СОлун, Лариса, Кавала, Атина, неколку други градови, како и на островите Родос и Кос.
Алексис Ципрас во неодамнешната посета на Стразбур го најави завршувањето на изградбата ан џамијата во Атина. Освен тоа во Атина се најавува легализација на три илегални џамии и отворање на првите муслимански гробишта.
-Муслимани од многу држави живеат во Грција со своите семејства. Тие даваат свој придонес и ги имаат сите права и обврски предвидени со грчкиот Устав и меѓународните договори. Грција е демократска држава и признава дека секој има право да ја исповеда религијата која ја сака, изјавил министерот за образование, Никос Филис, најавувајќи го проектот за легализација на дивоизградените верски објекти.