Почетна Вести ГЕРМАНИЈА: Носењето бурки во Германија ќе биде забрането во сите јавни институции
ГЕРМАНИЈА: Носењето бурки во Германија ќе биде забрането во сите јавни институции

ГЕРМАНИЈА: Носењето бурки во Германија ќе биде забрането во сите јавни институции

199
0

Откако Французите во три града забранија носење „буркини“ на плажите и австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц вчера најави законска забрана за носење бурка, традиционалната прекривка што ја носат некои муслиманки, денес се огласија и Германците.

minister za vnatresni germanijaСе сложивме за делумна забрана на носењето бурки. Лицето на жените мора да се гледа на местата каде што е тоа нормално и нужно во нашето општество – зад воланот, во јавните канцеларии, училиштата, факултетите, јавните служби и судовите“, изјави министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер за Франс прес.

„Моето мислење е дека целосно покриена жена во Германија речиси нема шанси нормално да се интегрира во нашето општество“, изјави вчера за носењето бурки германската канцеларка Ангела Меркел.

/МКД.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *