Почетна Вести ФРАНЦИСК: Одам понатаму без разлика на критиките
ФРАНЦИСК: Одам понатаму без разлика на критиките

ФРАНЦИСК: Одам понатаму без разлика на критиките

118
0

Папата Франциск нема да отстапи од идејата за промена на перцепцијата за Римокатоличката црква. И покрај жестоките критики од ултраконзервативните струи во Ватикан, Франциск вели дека ќе продолжи напред и дека критиките нема да го спречат.

Papa vatikanОва Папата го изјавил во интервју за аргентинскиот весник, „Ла Национ“ одговарајќи на прашањето за односот со ултраконзервативците во Црквата.

-Тие си ја вршат својата работа, јас мојата. Јас сакам да ја видам Црквата отворена, разбирлива и како поддржувач на ранливите семејства. Тие на се велат „НЕ“. Јас пак продолжувам да одам понатаму, без да погледнувам назад и без „отсечени глави“. Никогаш не сум сакал да го правам тоа и уште еднаш повторувам: „Јас не сакам конфликти“, изјавил Франциск за аргентинскиот весник.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *