Почетна Вести Русија ќе го гради првиот православен манастир во Вашинготон
Русија ќе го гради првиот православен манастир во Вашинготон

Русија ќе го гради првиот православен манастир во Вашинготон

608
0

Руската православна црква наскоро ќе го отвори првиот манастир во американскиот главен Град Вашингтон. Ова го најавил владиката на Руската задгранична црква, Јован кој потенцирал дека манастирот ќе има традиционално руски карактеристики, а службите ќе бидат на англиски јазик, но и на црковнословенски. Целта, вели Владиката Јован е запознавање со Православието, руските традиции и руската духовност.

rpc crkva-Манастирот ќе биде прв и тоа руски манастир во околината на американскиот главен град. Во моментов егзистира еден грчки православен манастир, но претходно и припаѓал на Грузиската православна црква. Она што во моментов е најголем предизвик е да се неопходните средства и подобната местоположба на која ќе биде изграден.  Тешко е да се каже колку пари ќе бидат потребни, ако се работи по етапи би можеле да почнеме со околу 500.000 долари За да се изгради целиот комплекс ќе бидат потребни најмалку 2 милиони долари, потенцира Владиката Јован.

Тој смета дека овој регион има силна потреба до руски манастир, не само поради големиот број на руски мигранти, туку поради воопшто големиот број на православни верници кои живеат во и околу Вашингтон.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *