Почетна Вести ФРАНЦИСК: Ако муслиманка сака да носи хиџаб, нека ја носи
ФРАНЦИСК: Ако муслиманка сака да носи хиџаб, нека ја носи

ФРАНЦИСК: Ако муслиманка сака да носи хиџаб, нека ја носи

381
0

Papa pariЗдравиот секуларизам во комбинација со силни закони, со кои пред се се гарантира верската слобода, е клучот за една успешна и мирна држава, додека државите врзани за една религија немаат иднина. Вака Папата Франциск ја гледа современата држава на XXI век во светот, потенцирајќи дека верските држави завршуваат лошо…

Во интервју за францускиот римокатолички весник Ла кроа, осврнувајќи се на зголемената загриженост на христијаните дека исламот се повеќе доминира во Европа, Франциск вели дека секој има право да ја практикува религијата што ќе ја избере, а секуларната држава, како спротивна на државите со една религија, треба да ја гарантира оваа можност.

-Сите сме еднакви, како Божји синови или (креации) на нашето лично достоинство. Но сите треба да ја имаат слободата да ја практикуваат својата сопствена вера. Ако една муслиманка сака да носи хиџаб, таа треба да ја има таа можност. Слично на тоа, ако една католичка сака да носи крст. Ние мора да ја имаме можноста да ја исповедаме својата вера не на маргините на (националната) култура, туку во нејзините рамки, изјавил Франциск.

Во тој контекст тој искажува и критика кон Франција.

-Малата критика што ќе и ја упатам на Франција во врска со ова е дека Франција го преувеличува секуларизмот. Ова произлегува од начинот на гледање на религијата како супкултура, а не како целосна култура. Франција треба да направи чекор напред по ова прашање за да прифати дека отвореноста кон трансценденцијата е право на секој човек, вели Франциск.

Прашан за актуелните контроверзни социјални прашања, како што е легалноста на еутаназијата или истополовите бракови, папата уште еднаш изјави дека социјалните прашања мора да се решаваат со световните власти, но дека личните верувања и убедувања на луѓето мора да се почитуваат кога ќе биде донесен одреден закон.

-Парламентот е тој во кој мора да се разговара, да се расправа, да се објаснува, да се умува. Така општеството ќе се развива и ќе расте. Но кога ќе се донесе некој закон, државата мора да ги почитува (верските убедувања). Во секоја законска структура мора да има совесни забелешки зашто тоа е човеково право. Вклучително и за кој било владин функционер, кој исто така е човечко суштество, изјавил Папата, додавајќи дека вистинската секуларна држава не може да постои без критика и почитување на нејзините луѓе и нивните верувања.

-Државата мора да ја почитува критиката. Тоа е вистински секуларизам, вели Римокатоличкиот поглавар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *