
Демант од ПОА
ПОА, дермантира дека нивниот поглавар Јован Вранишковски во изјава за медиумите во Скопје, рекол дека СПЦ има јуриздикција врз Македонија, а Руската цеква нема јуриздикција врз Украина, како што објави „религија.мк“, пренесувајќи ја изјавата на Вранишковски од порталот „Фактор.мк“.
Освен навредливите конструкции кон „религија.мк“ во демантот на ПОА пишува:
-На текстот што го презел од „Фактор.мк“: „Се јави Вранишковски, објасни зошто МПЦ не може да бара автокефалност од Софија и Цариград“ (https://faktor.mk/se-javi-vranishkovski-objasni-zoshto-mpc-ne-moze-da-bara-avtokefalnost-od-sofija-i-carigrad ) (23.02.2019) му дал наслов: „Вранишковски: Македонија е јурисдикција на СПЦ, Украина не е на Руската црква“ (http://religija.mk/vranishkovski-makedonija-e-jurizdikcija-na-spc-ukraina-ne-e-na-ruskata-crkva/ ) (23.02.2019). „Фактор.мк“, пак, споменатиот текст го презел од изјавата на Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, која ја дал за печатеното издание на „Слободен печат“ (23.02.2019) и таа изјава која е автентична не може да се најде во ниту едно електронско издание освен на „Фактор.мк“. Марјан Николовски ја презел таа изјава од „Фактор.мк“, но ѝ дал тенденциозен наслов, што воопшто не произлегува од контекстот. Никаде и никогаш Архиепископот Јован не рекол дека Украинската Црква не е под јурисдикција на Руската Православна Црква. Ако се прегледа автентичната изјава дадена за „Слободен печат“, а која со овој напис не ја демантираме, ако се погледа како е таа нецелосно пренесена од „Фактор.мк“, а која исто така не ја демантираме, дури ако се погледне текстот што Николовски го поставил на „Религија.мк“, јасно ќе биде дека насловот што му го дал е типична лажна вест, тенденциозно смислена во главата на споменатиот самопрогласен верски аналитичар, стои во демантот на ПОА на Вранишковски.