Штитениците на детскиот дом 11 Октомври од Скопје, заедно со директорката Ристенка Атанасова и воспитувачи биле во посета на Лешочкиот манастир.
Домаќин им бил надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Тие биле негови гости на негова покана. Од епархијата исвестуваат дека посетата била радост за манастирот и заедно биле дел од трпезата на љубовта.
Ден потоа со благослов на митрополитот Повардарски Агатангел и ректор на Македонската Православна Богословија (средното богословско училиште), учениците и професорите од Богословијата биле исто така во посета Лешочкиот Манастир Свети Атанасиј.
Домаќин исто така им бил надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој ги запознал со историјата на манастирот.







