Црногорскиот митрополит МИХАЈЛО: СПЦ е терористичка организација

Date:

Share post:

Обвинителството треба да покрене обвинение против Белградската патријаршија, која организира и поттикнува злосторства против суверенитетот и мирот во Црна Гора, порачал црногорскиот митрополит Михајло, поглавар на непризнатата Црногорската православна црква.

mihajlo-crna-gora-3-Поткопување на црногорскиот устав од страна на великосрпски партии со цел нашата земја да биде претворена во колонија и во републиката да биде предизвикана граѓанска војна е директно продолжение на политиката на Српската Патријаршија со други средства. Оваа Патријаршија, како во 90-тите години на минатиот век, така и денес не е црква, туку  е  терористичка организација која делува против Црна Гора по наредба на Белград, изјавил митрополитот Михајло.

Вели дека СПЦ и тогаш и денес работат свештеници со опасни намери, кои се во врска со сегашниот министер за внатрешни работи на Србија. Помагаат  и криминални структури за да ги заштитат великосрпски интереси и да предизвикаат хаос во државата.

1 COMMENT

  1. Господинот Мираш Дедеиќ е обичен распоп. Распоп не може да биде владика! Некои до пред некое време се бунтуваа оти распопот Веско Каранфиловски не е распопен, сега го бранат. Каква ли е таа љубов спрема тоа што не е поштено, спрема тоа што е распопено?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img