Почетна Вера Црквата во Гари чува вековни спомени – величествена литургија
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Црквата во Гари чува вековни спомени – величествена литургија

990
0

Дебарско-кичевската епархија одбележа 150 години од зографисувањето на црквата Успение на Пресвета Богородица во селото Гари со величествена литургија, на која присуствувале голем број верници од мијачкиот крај.

Со литургијата  чиноначалствувал Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Архимандрит Партениј, свештеници и монаси од Бигорскиот манастир.

Прославата дополнително била збогатена со прекрасното византиско пеење на хоровите на Бигорската Обител.

-Славна е историјата на мијачкото племе од нашиот славјано-македонски народ и многу страници со неа се испишани. Векови по ред, во темната ропска епоха на османското иго, „првите искри на националната пробуда во македонската земја светнаа од спокојните кандила во планинските пазуви на Дебар, Дримкол и Река“. Најпросветлените народни будители, славните учители и просветители од времето на Преродбата, најголемите и досега ненадминати неимари, зографи, кујунџии, копаничари, уметници, потекнувале од мијачкиот крај; и до ден денес нивните дела говорат за високата духовна и материјална култура што ја имале, за богатството на духот што го поседувале, за живата вера во Бога со која живееле…

Еден од тие споменици што сведочат за таа сестрана надареност и посветеност кон Бога на мијачкиот род, е и храмот на Успението на Пресвета Богородица во с. Гари. Изградено во 1860 година, а зографисано и осветено во 1866 од славниот Дичо Зограф од Тресонче, ова прекрасно црковно здание и украс на преродбенската архитектура, беше причината за денешното големо торжество во Гари, велат од Бигорскиот манастир.

ГАЛЕРИЈА: 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *