Почетна Вести Бугарија сака Папата да дојде во посета
Бугарија сака Папата да дојде во посета

Бугарија сака Папата да дојде во посета

105
0

Државниот секретар на Ватикан, Пиетро Паролин, кој од Македонија замина во посета на Бугарија имал средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев.

Посетата на „десната рака на Папата“ и „најмладиот Кардинал“, како што го нарекуваат бугарските медиуми, е во рамки на одбележувањето на 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу „Светиот Престол“ и Бугарија.

И бугарските медиуми, како и македонските најмногу се интересирале дали оваа негова посета значи и најава за евентуална посета на Папата Франциск на Бугарија. Паролин изјавил дека неговата посета не значи дека тоа ќе се случи.

-Јас на Папата ќе му го предадам барањето на Бугарите и на католичката заедница дека сакате  да ги посети во Бугарија, изјавил Паролин по средбата со премиерот Борисов.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *