
Бањалучкиот Бискуп Фрањо Комарица стана најомилениот лик на социјалните мержи во БиХ, Хрватска, но и во други земји од регионот, поради неговиот исклучително позитивен гест да им се придружи на муслиманите во молитвата по отворањето на Ферхад-пашината џамија во Бања Лука, која беше обновена по 23 години од нејзиното уривање за време на војната.
Фотографијата на која тој се наоѓа во џамијата и се моли го воодушеви регионот и стана една од најсподелуваните фотографии на социјалните мрежи.
-Цврсто верувам дека сите нас не создал истиот Бог и верувам дека сме должни еден на друг да ми чиниме добро, а не зло. Тоа е обвска на секого, односно на оној кој верува во Бога. Како верник го молам Бог со својот благослов да ги следи сите верници муслимани кои во овој дом му се поклонуваат, изјави Бискупот Комарица, а потоа присуствуваше на попладневниот намаз.
Во бројните коментари и споделувања на оваа фотографија, најчести се оние дека ова е пример за почитување без разлика на кој Бог му се молиме, како и „Респект“, „Го сакам овој човек“, „Секоја Чест на овој голем човек“…
Под ова небо нема друго име со кое можеме да се спасиме освен со Христос
Апостол Павле+