
82
0
Над десетици бракови помеѓу бегалци и малолетници биле склучени во Норвешка минатата година. Според официјалните податоци од Осло најексплицитен случај е оној во кој бегалец стапил во брак со 11 годишна девојка. Целта на сите овие склучени бракови е да се дојде со легален статус за престој во Норвешка.
Според податоците на одделот за деца, млади и семејство во Норвешка, повеќе од 60 случаи се регистрирани и на малолетни бегалци кои стапуваат во брак со норвежани. Најмногу од нив се од Сирија, Авганистан и Ирак. 10 девојки се помлади од 16 години, 49 девојчиња и две момчиња се на возраст од 16 до 17 години, а два случаи помалку од 18 години.