Арапската лига го осуди тероризмот во име на исламот

Date:

Share post:

Лидерите на 22 земји од Арапската лига, и покрај поделбите околу различни прашања, денеска едногласно го осудија насилството и тероризмот што се спроведуваат во име на исламот.

arabska liga 1Домаќинот на самитот, претседателот на Мавританија, Мохамед Оулд Абдел Азиз, го критикуваше „слепото насилство на терористите“, како и странските интервенции кои, како што кажа, придонесоа за нестабилноста во арапскиот свет.

Тој, исто така, повика на нови напори за завршување на израелско-палестинскиот судар, нагласувајќи дека регионалната нестабилност ќе потрае се додека тоа прашање не се реши.

На самитот не присуствува египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, наводно од безбедносни причини, како у саудискиот крал Салмон, наведуваат француските медиуми

Египетскиот премиер Шериф Исмаил повика на создавање „арапска стратегија во борбата против тероризмот“, пренесоа француските медиуми.

-Терористите ја изопачија исламската порака на мирот, додаде тој.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img