Почетна Вести Антиохиската патријаршија ги отфрли одлуките од Соборот на Крит
Антиохиската патријаршија ги отфрли одлуките од Соборот на Крит

Антиохиската патријаршија ги отфрли одлуките од Соборот на Крит

154
0

На седмата вонредна седмица, којашто под претседателство на Патријархот Антиохиски и на целиот Исток Јован X се одржа во Баламандскиот манастир во Либан, беше решено Антиохиската Патријаршија да го отфрли авторитетот на Соборот во Крит.

Holy_Synod_AntiochЕрарсите на Антиохиската Патријаршија, пред сѐ, ја поздравија својата паства испраќајќи ѝ го благословот на Свв. Апостоли Петар и Павле – основачи на Антиохиската Црква. Сеќавајќи се на првите ученици на Спасителот и на првите Христијани, коишто со своето сопствено мачеништво сведочеа за Воскресението Христово, Синодот на Антиохиската Православна Црква истакна дека и денес Христијаните поднесуваат маченички подвиг во „распарчената Сирија, намачениот Либан и искрвавениот Ирак“. Членовите на Синодот во своето послание го спомнаа и случајот со Митрополитот на Алепо Павле (Јазиди), роден брат на Патријархот Јован X, кој пред три години беше киднапиран од страна на терористите и за кого сѐ уште нема никакви вести.

Синодот на Антиохиската Патријаршија, со жалење истакна дека не само што молбата на Антиохиската Црква за одложување на Соборот не наиде на разбирање и одговор, туку и сличните молби од страна на Руската, Бугарската и Грузиската Црква исто така беа игнорирани. Токму поради тоа, Антиохиската Патријаршија констатира дека не беше исполнет еклисиолошкиот услов да учествуваат сите Помесни Православни Цркви, односно сета полнота на евхаристиското заедничарење помеѓу сите Помесни Православни Цркви, и не се постигна сеправославен консензус по однос на спорните прашања од дневниот ред на Соборот. Исто така се занемари и проблемот за прекинот на Литургиското општење помеѓу Антиохиската и Ерусалимската Патријаршија.

Во контекст на ова, и Лимасолскиот Митрополит Атанасиј (Кипарска Православна Црква), во своето специјално обраќање до заинтересираните кои се прашуваат дали тој го потпишал документот „Односите на Православната Црква со останатиот христијански свет“ вели: „Сакам на сите заинтересирани да им соопштам дека мене совеста не ми дозволи да се согласам со конечната верзија на текстот и тој од мене не беше потпишан“, напиша Митрополитот, познат по своите блиски врски со монаштвото на Света Гора Атон. Разгледувањето на овој свој став тој го довери на Светиот Синод на Кипарската Православна Цркви.

По однос на истиот документ, своето идентично мислење со Митрополитот Лимасолски Атанасиј го изразија и многу познати богослови и игумени на Грчката Православна Црква.

/превод: Бигорски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *