Почетна Интервју Аманатидис: Охридската Архиепископија има право да биде автокефална црква
Аманатидис: Охридската Архиепископија има право да биде автокефална црква

Аманатидис: Охридската Архиепископија има право да биде автокефална црква

747
0

Пратеникот на прогресивната алијанса на СИРИЗА и поранешен заменик министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис,  во интервју за грчките медиуми вели дека признавањето на Охридската Артхиепископија од страна на Вселенската патријаршија ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете православни држави, бидејќи Северна Македонија има право на своја автокефална црква.

-Во црковните работи, уште од времето на зенитот на Византија, постои принципот на Фотиј Велики, кој вели: „Црковните (граници) нека се менуваат заедно со политичките“. Односно, административните прашања на Црквата се менуваат согласно со промените на државните структури. Кога ќе се појави една нова држава, таа има право да побара Црквата во нејзините граници да биде автокефална. Тоа се случи со сите понови православни Цркви, каде што Вселенската Патријаршија ја отстапи својата канонска територија, за тие да бидат создадени и истите ги прогласи за автокефални. Во случајот со Северна Македонија имаше две нерешени прашања. Едно од нив беше црковната подреденост на територијата на оваа земја кон Патријаршијата на Србија од 1922 година, која не одлучи да започне процес за канонско решавање на прашањето од страна на единствениот надлежен орган, Вселенската Патријаршија. Второто прашање беше името на помесната Црква. Договорот од Преспа „го промени“ и црковниот аспект и делуваше како катализатор, за врз здрава основа да продолжи процесот за доделување на административен статус на помесната Црква, која седум децении остана во целосна изолација. Вреди да се напомене дека од 2016 година во Министерството за надворешни работи со голема сериозност ги испитувавме црковните аспекти на односите со Северна Македонија и придонесовме, во рамките на можностите што ги дава дистинкцијата во овие прашања, за започнувањето на дијалогот на вклучени страни.

Што значи овој развој на настаните за односите меѓу Грција и Северна Македонија?

Добриот однос на Црквите на двете земји, каде што мнозинството од жителите се православни, секако се одразува и во меѓудржавните односи. Особено преданието на Света Гора длабоко влијае врз сите соседни народи. Денес, манастирите во Северна Македонија се засноваат на светогорското искуство на македонските монаси кои во претходните децении се подвизувале на Света Гора, а потоа се вратиле и го оживеале монаштвото во својата татковина. Блескав пример е Манастирот на Свети Јован во Бигорски, каде монасите и игуменот одлично зборуваат грчки и ги извршуваат богослужбите според светогорскиот типик. Православното предание е обединувачки и помирувачки фактор на нашите народи.

Многу добро сте запознаени со црковните работи, за што сведочи и вашиот мандат во МНР. Како може руско-украинската војна да влијае врз мирот во Православието?

Вселенската патријаршија со своето долгогодишно искуство уште одамна укажа на потребата да се излечат тенденциите на поделеност и хегемонија во православниот свет, а особено во случајот со Украина ги покани сите страни на еден обединувачки собор, кој требаше да резултира со една  обединета црковна администрација на сите Украинци. За жал, Црквата на Русија избра да започне хибридна војна против Вселенската Патријаршија и против Автокефалната црква на Украина, што беше увертира на денешната војна во земјата. Самата структура на Руската црква во Украина денес се наоѓа во трагичен ќор-сокак, бидејќи Патријархот на Москва, кој е нејзин Претстојател, ја благословува војната против нејзините сонародници. Православието е веќе длабоко повредено од однесувањето на Руската црква, која со одбивањето да учествува на Светиот и Велики Собор од 2016 година, покажа дека посакува политичка надмоќ над другите православни цркви. Мислам дека самосвесноста на руската страна за здравата основа на нивната вера, која се наоѓа во Мајката Црква во Константинопол, и нивното враќање на трпезата на меѓуправославниот братски дијалог, ќе биде почеток на решавањето и лекувањето на прашањата, макар и колку нерешливи да изгледаат денес.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *