Почетна Вести Александриската Црква реши да го возобнови чинот на жени ѓаконки
Александриската Црква реши да го возобнови чинот на жени ѓаконки

Александриската Црква реши да го возобнови чинот на жени ѓаконки

323
0

Неодамна Светиот Синод на Александриската Патријаршија донесе решение за возобновување на чинот на ѓаконисите во мисионерското служење на Православната Црква во Африка. Најсодржинскиот извештај за историјата на чинот ѓакониса, како и за современите услови на живот во православните општини на континентот, произнесе Митрополитот на Камерун Георгиј. Александриските епископи определија тричлена комисија, која ги истражува конкретните начини за возобновување на дејноста на ѓаконисите.

aleksandriska-paСлужењето на ѓаконисите се поврзува со Александриската Патријаршија преку авторитетот на Св. Нектариј Егински (1846 – 1920), кој ракоположил неколку ѓакониси во основаниот од него женски манастир на островот Егина. Најпознати ранохристијански Светителки – ѓакониси се: Св. Олимпијада која била сотрудничка на Св. Јован Златоуст, Св. Фива помошничка на Св. Ап. Павле, Св. Макрина сестрата на Св. Василиј Велики и други. Во почетокот нивната возраст требало да биде над 60 години, а Петтошестиот (Трулски) Собор, поради големите потреби на Црквата во тоа време, ја намалува таа возраст на 40 години. Ѓаконисите требало да бидат безбрачни жени или вдовици, благочестиви и предадени на животот на Црквата. Овој црковен чин исчезнува околу X век во Византиската Црква. Во Грчката Црква обидите за негово возобновување се поврзуваат со името на блаженоупокоениот Атински Архиепископ Христодул.

Во Православната книжевност постојат низа ценети публикации на оваа тема, меѓу кои најдобрата е од современиот богослов Евангел Теодору, долгогодишен професор по практично богословие на Атинскиот Богословски факултет. Во почетокот на ноември 1988 година, на островот Родос се одржа и Сеправославна конференција за улогата на жените во Православната Црква, но тогаш не се дојде до единствен став по однос на возобновувањето на службата на ѓаконисите во Православието.

/превод: БИГОРСКИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *