Вељаноски на Велигден во Охрид

Date:

Share post:

Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски за Велигден беше во Охрид, каде присуствуваше на велигденската воскресна литургија на Плаошник, предводена од Митрополитот дебарско-кичесвки г. Тимотеј.

Во Светиклиментовата црква белигден беше прославен со масовен опход на храмот

Утринската Велигденска литургија пак беше отслужена во Храмот „Света Софија“.

-Воскреснатиот Христос денес, и нас, нè уверува во Неговото Воскресение. Апостолите поверувале откако сè провериле и утврдиле дека Он е нивниот сакан Учител. Па така, од преплашени и збунети апостоли, постануваат храбри и непоколебливи проповедници на Господа Христа, на Неговото свето Евангелие, а како центар на верата е славното и победоносно Негово Воскресение. И ние денеска, кои сме собрани во овој прекрасен храм Божји, посветен на Премудроста Божја – Воскреснатото Слово, да ги отвориме нашите срца и души. Да отфрлиме од нас секаква лоша мисла, престап и грев. Па, Христос Воскреснат да се всели во нашите срца и души. Та и ние да можеме да ја почувствуваме апостолската радост при нивната средба со Воскреснатиот Учител, потенцираше Владиката Тимотеј во Велигденската беседа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img