СПЦ не се согласува со симболот на Сеправославниот собор

Date:

Share post:

German special police units leave an apartment building in the Wedding district in BerlinНа српската православна црква и пречи новото официјално лого на Сеправославниот собор, кој треба да се одржи на Крит во јуни. Како што пренесува грчкиот сајт„ ортодоксија инфо“, СПЦ реагирала поради натписот на логото.

Српските владици се противеле на тоа што текстот на логото е испишан на англиски јазик. Барале текстот на логото да биде испишано на други јазици кои се зборуваат во другите Православни цркви.

Според  „ортодоксија инфо“, организаторите  на Соборот одлучиле да ја прифатат реакцијата на СПЦ и на официјалното лого текстот ќе биде испишан на сите јазици на Соборот.

Религија.мк, вчера го објави изгледот на официјалниот симбол на Сеправославниот собор. Инспириран е од иконографијата на византиската икона „Подготовка на тронот“. Тронот на кој што е поставено Евангелието и Светиот дух во вид на гулаб се основните елементи на логото на Соборот.

Под симболот пишува „Свет и Велик Собор“, а потоа „педесетница 2016“. На крајот има повик на сите за единство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img