Сочувство од Српскиот патријарх

Date:

Share post:

Патријархот на СПЦ, Иринеј испратил телеграма со сочувство до семејството на долгогодишниот белградски муфтија, Хамдија Јусуфпашиќ и до сите верници на Исламската заедница во Србија.

irinej i ivz-СПЦ имаше искрен пријател во ликот блаженопочинатиот муфтија и заедницата околу него, пишува во сочувствто Иринеј.

Како што соопшти СПЦ, Патријархот потсетил и дека муфтијата Јусуфпашиќ безрезервно се залагаше за искрени и добри меѓучовечки односи, особено за мир и благосостојба меѓу сите луѓе со добра волја во Србија, без исклучок во еден посебно исклучителен временски период за граѓаните на Србија.

-Во ликот на блаженопочинатиот муфтија ИВЗ на Србија загуби голем и мудар човек, но утехата е наследството кое, веруваме, ќе продолжи по истиот пат, а тоа е патот на мир и меѓучовечки размислувања, вели Српскиот патријарх Иринеј.

Долгогодишниот муфтија на Белград, и почесен поглавар на ИВЗ, Хамдија Јусуфпашиќ, почина вчера во Белград.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img