Кирил: Русија ќе остане непобедлива пред сите надворешни закани

Date:

Share post:

Рускиот патријарх Кирил смета дека иднината на Русија зависи од верноста кон христијанските вредности и православната вера, оценувајќи дека земјата ќе остане непобедлива и пред внатрешните потреси и надворешните закани.

„Ако нашите деца растат со цврста вера во срцата и љубов кон својата татковина, тогаш Русија ќе биде непобедлива, непоколеблива пред внатрешните потреси и сите надворешни закани“, изјавил Кирил во интервју за руската новинска агенција ТАСС, објавено по повод неговиот 80-ти роденден на 20 ноември.

Во интервјуто, московскиот патријарх зборувал за обновувањето на верскиот живот по распадот на Советскиот Сојуз, предизвиците што ги носи вештачката интелигенција, улогата на Црквата во современото општество и иднината на Русија.

Осврнувајќи се на улогата на Руската православна црква во меѓународните односи и можноста таа да придонесува за надминување на меѓународните тензии, Кирил оценил дека Црквата не треба да се гледа како глобална политичка институција.

„Црквата не е некаква глобална политичка институција, туку пред сè е Телото Христово, заедница на верници“, рекол тој.

Според Кирил, Црквата не треба директно да се занимава со внатрешната и меѓународната политика, бидејќи тоа е одговорност на државите. Нејзината задача, како што посочил, е да им даде на верниците духовна и морална рамка за донесување одлуки, вклучително и политички.

Сепак, изјавите за одвоеноста на црковната мисија од политиката доаѓаат во контекст на блиските односи меѓу Руската православна црква и руската државна дипломатија.

„Ортодокс тајмс“ потсетува на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој претходно откри дека често има приватни средби со патријархот Кирил за координирање на нивните активности во странство.

Лавров тогаш ја опиша соработката меѓу руското Министерство за надворешни работи и Руската православна црква како „многу моќна алатка на нашата надворешна политика“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img