Македонците во Пустец го прославија патронот на црквата „Св. Архангел Михаил“ – на служба им дојде владиката од Корча

Date:

Share post:

Македонците во Пустец, заедно со жителите од другите населени места во општината Мала Преспа во Албанија, го одбележаа патрониот празник на црквата „Св. Архангел Михаил“, кој го чествуваат како свој заштитник.

На празничната прослава присуствуваше митрополитот Корчански Анастаси од Автокефалната православна црква на Албанија, кој ја отслужи утринската богослужба и светата литургија, во сослужение со свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири.

По богослужбата, во црковната трпезарија беше организирана празнична трпеза за верниците, а прославата продолжи со музичка програма, македонски песни и ора.

„Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на Свети Архангел Михаил – водачот на небесните сили, чуварот на сите болни и заштитникот на Македонците во Пустец“, беше истакнато по повод празникот.

Црквата „Св. Архангел Михаил“ е обновена врз темелите на старата црква, која била урната за време на комунистичкиот режим во Албанија.

Одбележувањето на празникот и оваа година беше повод за собирање на Македонците од Пустец и околните населени места, кои преку црковната прослава ги чуваат православната вера и македонската традиција во Мала Преспа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img