Новиот претседател на Народното собрание на Србија, Александар Чупиќ, присуствуваше на светата литургија во Рашка по повод празникот Свети Архангел Михаил – Аранѓеловден, а за време на богослужбата беше забележан и на црковната певница, каде заедно со верниците ги пееше црковните песни.
Снимката од богослужбата беше објавена на социјалните мрежи од профилот „Студенти Рашка“, а потоа ја пренесоа повеќе српски медиуми.
Чупиќ, кој неодамна беше избран за претседател на српскиот парламент, не е непознат во црковниот хорски живот. Според српскиот „Блиц“, тој е член на црковниот хор во храмот во Сопот, каде што живее со семејството.
На снимката од Рашка се гледа како Чупиќ учествува во пеењето на црковните песни за време на литургијата, заедно со останатите верници собрани на празничното богослужение.
Александар Чупиќ беше избран за претседател на Народното собрание на Србија на седницата одржана на 19 ноември, со поддршка од 140 пратеници.
Неговото присуство на литургијата во Рашка привлече внимание и поради неговата нова државна функција, но и поради фактот што активно учествувал во богослужбеното пеење.

