Брегалничката епархија ќе гради нова административна зграда – Митрополија

Date:

Share post:

Брегалничката православна епархија ќе гради нова административна зграда, откако Епархискиот управен одбор едногласно ја избрал најповолната понуда за изградба на објектот.

Одлуката била донесена на седницата на Епархискиот управен одбор, одржана на 26 октомври, со која претседавал митрополитот брегалнички Иларион, во присуство на членовите на одборот.

На седницата биле разгледани пристигнатите понуди за изградба на административната зграда, која ќе биде ново седиште на Брегалничката православна епархија.

Од Епархијата не соопштуваат дополнителни детали за избраната понуда, вредноста на проектот, локацијата и роковите за изградба на објектот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img