Зошто СПЦ не им честиташе на студентите? Расте незадоволството од патријархот Порфириј

Date:

Share post:

Српскиот новинар Југослав Ќосиќ упати директно прашање до патријархот Порфириј, барајќи објаснување зошто Српската православна црква не им честитала на студентите за изборниот резултат, иако самиот поглавар пред изборите повика на почитување на волјата на граѓаните и честитање на победниците.

„Имате неспорен изборен исход. Ваша Светост, зошто не им честитате на студентите? Во соопштението рековте дека, заради смирување на состојбите, на победниците треба да им се честита, заради мирот и почитувањето на волјата на граѓаните. Каде се вашите честитки и честитките од епископите на СПЦ?“, праша Ќосиќ, на платформата Х, потсетувајќи дека како новинар ја видел предизборната порака на патријархот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img