Скандалозно: Бугарија на Грција и вратила вредна реликвија од црква во Охрид

Date:

Share post:

Новинарот и историчар од Бугарија, Горан Благоев обелодени скандозен податок за договорот меѓу Грција и Бугарија за размена на коските на Цар Самуил и вредни црковни реликвии однесени за време на Првата светска војна од цркви во Серез и околината.

Благоев тврди дека меѓу вретените предмети на Грција има и значајна реликвија која во Бугарија е однесена од Охрид, а не од Северна Грција станува збор за кутија со мошти од светителка, кои биле во црвата Св. Богородица во Охрид, а однесени во Софија исто така за време на Првата светска војна.

-Како меѓу предметите што Бугарија ѝ ги даде на Грција од Драмско и Серско, во музејот во Солун се најде и моќехранилница од… Охрид?! Зошто бугарската јавност не дозна што конкретно ѝ вративме на Грците? И како тоа овие експонати се дадени само на користење? Владата на Радев, министерот за култура Милошев и директорката на НИМ, Бони Петрунова, должат објаснување. Зашто работите мирисаат на потреба од интервенција на истражните органи…, напиша Благоев  на Фејсбук.

Подоцна во гостување на бугарските медиуми, тој ова свое тврдење го аргументираше, посчувајќи дека тоа е предмет на Охридската Архиепископија, а не на грчката црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img