Продолжува изградбата на храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Штутгарт, Пимен во повеќедневна посета на македонските црковни општини во Германија

Date:

Share post:

Изградбата и уредувањето на храмот посветен на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј во Штутгарт продолжува, а во текот на својата повеќедневна посета на македонските православни црковни општини во Германија, митрополитот Европски Пимен вчера го посети храмот и разговараше за следните фази од неговото уредување.

Во фокусот на разговорите биле идните зафати поврзани со уредувањето на црквата, меѓу кои фрескописувањето на храмот и изработката на иконостасот. Со реализацијата на овие активности, црквата посветена на светите Кирил и Методиј треба да го добие својот целосен и соодветен црковен изглед.

Посетата на Штутгарт е дел од повеќедневната архипастирска активност на митрополитот Пимен во Германија. Во рамките на посетата, на 11 септември тој чиноначалствуваше со Светата Архиерејска Литургија во храмот „Св. Никола“ во Мајнц, каде македонските православни верници го одбележаа празникот Отсекување на чесната глава на Свети Јован Крстител.

Македонските православни верници денеска ќе се соберат во Минхен, каде во МПЦО „Св. Троица“ ќе биде отслужена Света Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Пимен.

Литургијата во Минхен е најавена за 10 часот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img