Во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Вилоубрук, Илиноис, од 4 до 6 септември се одржа 52. Црковно-народен собир на Американско-канадската Македонска православна епархија.
На собирот се собраа свештенослужители и верници од македонските православни заедници во САД и Канада, предводени од митрополитот Методиј.
Посебно внимание на собирот привлече присуството на чудотворната и мироточива Хавајска Иверонска икона на Пресвета Богородица, пред која верниците се молеа и палеа свеќи.
Собирот, кој се одржува 52. пат, беше можност македонските православни верници од Северна Америка да се соберат на едно место и преку богослужби и заеднички молитви да го одбележат епархијскиот црковен собир.
Американско-канадската Македонска православна епархија ги опфаќа македонските православни црковни општини во САД и Канада.
Годинава на соборот на отпатува Архиепископот Стефан, поради здравствени причини.








