Преполна црква во Тринген: Македонските верници масовно го прославија празникот со митрополитот Пимен

Date:

Share post:

Преполн храм, голем број македонски верници и свечена архиерејска Литургија – така денеска, 30 август, беше на неделната литургија во македонската православна црква „Св. Наум Охридски“ во Тринген, Швајцарија.

Тринген полека прераснува во еден од значајните центри на Македонската православна црква во Европа, а денешната богослужба покажа дека македонската православна заедница во Швајцарија се собира во сè поголем број околу својата црква и вера.

Со Светата Архиерејска Литургија чиноначалствуваше митрополитот Европски г. Пимен, а храмот беше исполнет со верници кои дојдоа заеднички да го прослават празникот и да учествуваат во светата богослужба.

Во молитвена атмосфера, македонските православни верници се собраа околу Светата Чаша, причестувајќи се со Телото и Крвта Христови.

Големото присуство на верници од различни делови на Швајцарија е уште еден показател за значењето што храмот „Св. Наум Охридски“ го има за македонската православна заедница во оваа земја.

Од храмот упатија порака Господ да го благослови молитвеното собрание и да им подари мир, духовна радост и единство на сите македонски православни верници во Швајцарија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img