Митрополитот Георгиј ќе ја освети новата црква во Нерези

Date:

Share post:

По повеќегодишна изградба и подготовка, на 25 јули ќе биде извршен свечениот чин на осветување на новоизградениот православен храм „Свети Никола“ во селото Нерези. Осветувањето ќе го изврши митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, со што храмот и официјално ќе биде предаден на богослужбена употреба.

Свечената програма ќе почне во 7:30 часот со утрена богослужба. Во 8:30 часот се очекува пристигнувањето на митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, а во 8:45 часот ќе започне чинот на осветување на храмот. По осветувањето ќе биде отслужена света архиерејска литургија.

Настанот претставува историски момент за жителите на Нерези, кои по долгогодишен труд и заложби ќе го добијат својот нов православен храм, посветен на Свети Никола.

Црковниот одбор ги поканува сите православни верници да бидат дел од оваа свеченост и молитвено да учествуваат во осветувањето на новоизградениот храм „Свети Никола“, кој ќе остане трајно духовно и молитвено средиште за Нерези и околината.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img