Американскиот претседател Доналд Трамп наводно поддржал план во кој Ерусалимски патријарх Теофил тербало да посредува меѓу Русија и Украина за прекин на огнот, пишува израелскиот весник „Једиот Ахронот“.
Предлогот се појавил по средбата во Белата куќа минатиот четврток. Средбата се одржала во време кога САД продолжуваат со дипломатски напори за изнаоѓање можни патишта кон завршување на војната во Украина. Учесниците наводно разговарале за можноста да се воспостави доверлив комуникациски канал меѓу Москва и Киев преку невладина религиозна личност.
Според истите извори, патријархот Теофил III се смета за можен посредник поради неговиот углед во православниот христијански свет и претходното учество во хуманитарни и дипломатски контакти. Се очекува тој подоцна овој месец да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, што дополнително би ја зацврстило предложената улога. Поддржувачите на идејата го опишуваат како личност со углед и морален авторитет, која би можела да ги поттикне двете страни на дијалог надвор од формалните политички рамки.
Покрај разговорите за Украина, средбата опфатила и пошироки регионални прашања, вклучително и заштитата на христијанските заедници и пристапот до светите места на Блискиот Исток. По разговорите, патријархот Теофил III јавно ја нагласил важноста од зачувување на верската слобода и одржување на регионалната стабилност.

