Спектакал во Барселона – Папата ја благослови куполата на Саграда Фамилија

Date:

Share post:

Папата Лав XIV во средата ја благослови новата централна кула на прочуената базилика Саграда Фамилија во Барселона, по свечената миса одржана во храмот кој сега важи за највисоката црква во светот.

Точно на 100-годишнината од смртта на легендарниот архитектАнтонио Гауди, беше благословена новата централна купола на неговото животно дело, базиликата Саграда Фамилија.

ФОТО: Vaticannews

Церемонијата, која траеше околу 90 минути, ја следеа илјадници верници и гости, меѓу кои и шпанскиот премиер Педро Санчез, кралот Фелипе VI и кралицата Летиција.

Настанот беше збогатен со настап на хор од 600 пејачи, а по завршувањето на мисата следуваше спектакуларно шоу со огномет и светлечки ефекти што ја осветли недовршената базилика во различни бои.

Детски хор и илјадници верници ги запалија своите фенери, создавајќи бран од светлина што ги осветли витражите и внатрешноста на Саграда Фамилија.

Истовремено, стотици дронови го осветлија небото над Барселона, проектирајќи го ликот на Антони Гауди над неговото животно дело. Покрај неговиот портрет беше испишана една од неговите најпознати мисли:

„Прво љубовта, потоа техниката.“

Во својата проповед, одржана на шпански, каталонски и латински јазик, папата испрати порака за мир.

„Не можеме да веруваме во Исус и да промовираме војна. Не можеме да веруваме во Исус и да убиваме невини“, порача тој

Врвот на кулата намерно останува понизок од ридот Монжуик, кој се издига на 177 метри надморска височина. Ова било желба на архитектот Антони Гауди, кој сметал дека човечкото дело не треба да ја надмине Божјата творба.

Изградбата на Саграда Фамилија започнала во 1882 година и сè уште не е целосно завршена. Иако приходите од туризмот повторно растат по пандемијата, управата на храмот сè уште не сака да одреди точен датум за финализирање на преостанатите работи.

Легендарниот каталонски архитект и автор на Саграда Фамилија починал на 10 јуни 1926 година, откако бил удрен од трамвај додека одел на молитва.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img