Архиепископ од ПЦА во посета на Македонија – се сретна со архиепископот Стефан

Date:

Share post:

Архиепископот на Њујорк и Њу Џерси Михаил, од Православната Црква во Америка е на поклоничко патување во Македононија. Во негова придружба е и поголема група верници и претставници на Православна црква на Америка, меѓу и протопрезвитер-ставрофор Џон Паркер, декан на Православната семинарија „Св. Тихон“, во Пенсилванија и протопрезвитер-ставрофор Џосаја Тренам, познат православен мисионер.

Скопската епархија објави дека Михаил имал стредба со архиепископот Стефан во манастирот „Св. Пантелејмон“, во Нерези.

МПЦ-ОА измиенатиов период ги засилува контактите со оваа црква, која во православниот свет не е општо прифатена како автокефална. Архиепископот Михаил е архиереј на ПЦА црква со историски корени во Москва.

Иако архиепископот Михаил од ПЦА формално не е ниту „про-Москва“, ниту „про-Цариград“, туку припаѓа на црква која настојува да биде самостојна (автокефална) и да одржува односи со сите православни цркви, сепак, историски гледано, ПЦА ја добила автокефалноста од руската црква во 1970 година. Од друга страна, Вселенската патријаршија не ја признава автокефалноста на оваа црква, но има контакти со нејзе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img