Српска православна црква, го свика Светиот архијерејски собор на неговото редовно заседание, кое свечено ќе почне денеска со соборна света Литургија со Призив на Светиот Дух во Спомен-храм Свети Сава на Врачар.
-Работниот дел на највисокото јерархиско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на Српска православна црква, под претседателство на Неговата Светост српскиот патријарх Порфириј и со учество на епархиските архијереи, ќе започне наредниот ден, на 14 мај 2026 година, во криптата на Спомен-храм Свети Сава на Врачар. Според процедурата утврдена со Деловникот за работа, заседанието започнува со усвојување на дневниот ред, кој го сочинуваат пристигнатите предмети доставени од Светиот архијерејски синод, а продолжува со разгледување на извештаите за архипастирската работа на сите епархиски архијереи, централни црковни тела, органи и установи. На крајот од заседанието, Соборот ќе издаде соопштение за јавноста за својата работа, стои во соопштението од СПЦ.
