Архиепископот Стефан му честиташе на Шио за изборот на Грузиски патријарх

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан испрати честитка до новиот патријарх на Грузија, од името на МПЦ-ОА. Во честитката поглаварот на МПЦ-ОА пишува дека„Земајќи учество во радоста на верниот грузиски православен народ, уверени сме дека со Вашиот избор, сестринската Грузиска Црква доби мудар архипастир, достоен наследник на богатиот во добродетелите, блаженоупокоениот патријарх Илија II, но и ревносен продолжувач на пастирското богоугодно дело на сите претходни свети претстојатели на Богоспасуваната Грузиска Патријаршија.“

-Ваша Светост, дозволете Ни од свое и од името на Светиот Архијерејски Синод, свештенството, монаштвото и сите верни чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, братољубиво да Ви посакаме добро здравје, боговдахновен труд и обилен плод на нивата Господова, како и долги години мирно да патријархувате на најсветиот Грузиски престол, секогаш помагани од молитвите на светата Нина Грузиска, и постојано поткрепувани и водени од моќната рака на нашата Пресвета Заштитничка и Мајка на нашиот Господ и Бог и Спасител Исус Христос, Кому заедно со Отецот и Светиот Дух нека е слава во сите векови, стои во честитката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here