Православен храм оштетен при воздушни напади во Техеран, нема жртви

Date:

Share post:

Православната црква „Свети Никола“ во Техеран е оштетена при воздушни напади извршени во нејзина близина, соопшти руската амбасада во Иран.

Според објавата, на 1 април биле извршени два напади во непосредна близина на храмот, при што се оштетени главната зграда, домот за грижа и неколку технички објекти.

Од амбасадата информираат дека нема повредени или загинати.

Објавени се и фотографии на кои се гледаат оштетувања на кровот, искршени прозорци и урнатини околу објектот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img