„Сите знаете дека Вселенската патријаршија беше прва што ја истакна духовната и моралната димензија на еколошкиот проблем и го окарактеризира како ‘грев’, како последица на општото изопачување и злоупотреба на човечката слобода, изјавил Вселенскиот патријарх Вартоломеј на отврањето на ученички еколошки конгрес, на кој присуствувале илјадници ученици, заедно со нивните наставници, од различни региони на Грција.
-Горди сме што еколошките иницијативи на Големата Црква имаа силно влијание, инспирирајќи и мобилизирајќи го целиот христијански свет, верските и политичките лидери, парламентите, универзитетите, еколошките и општествените организации, како и младите. Благодарение на Вселенската патријаршија, еколошките прашања беа вклучени во меѓухристијанските и меѓурелигиските дијалози, а беа истакнати еколошките принципи и практики на Православието, истакнал Вартоломеј.

