Јавниот белгиски радиодифузен сервис Студио Брисел, кој припаѓа на фламанската аудиовизуелна група VRT, неодамна предизвика длабок скандал емитувајќи во живо скеч во кој нејзините водители намерно уништуваа повеќе предмети во студиото, меѓу кои и статуа што ја претставува Дева Марија и Младенецот Исус. Претставена како хумористична секвенца, сцената се состоеше во уништување различни предмети во етерот. Но фактот што беше земена на мета света претстава на христијанството претставува вистинска профанација, притоа емитувана на радио финансирано со јавни средства, пишуваат белгиските медиуми.
[ VIDEO ] ALERTE 🚨 Belgique : des animateurs d’une radio publique brisent une statue de Jésus et se justifient
🔴⚡️Les animateurs de Studio Brussel se sont justifiés en affirmant que « la Belgique n’est pas un pays très religieux »,
📌 tout en reconnaissant qu’ils ne feraient… pic.twitter.com/WVu5aLCt6J
— Tribune Chrétienne (@tribuchretienne) March 24, 2026
Вводителите се обиделе да ја минимизираат тежината на својот чин, тврдејќи дека Белгија „не е многу религиозна земја“. Во исто време, тие признале дека никогаш не би си дозволиле таков чин кон симболите на религијата, повикувајќи се на „опасниот“ или „непримерен“ карактер на таква иницијатива.
-Уништувањето на статуа што ја претставува Дева Марија и Младенецот Исус не е едноставна шега, туку директен напад врз она што милиони верници го сметаат за свето. Тоа претставува чин на исмевање и банализирање на светото, кој никогаш не би бил толериран доколку беше насочен кон други религиски традиции. Сликите, широко споделени на интернет, покажуваат недвосмислена сцена. Религиска претстава е скршена под смеа, во рамка претставена како забава. Она што требало да предизвика едногласна осуда, напротив, е примено со леснотија во одредени кругови, што е знак за загрижувачко поместување, стои во анализите на медиумите во Белгија.

